img_02
  • 2022 3 Октомври
    Соопштенија Шпаркасе Банка се стекна со сертификат „Фер финансиски услуги за потрошувачите

На 03.10.2022 година , Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со Сертификат за Фер финансиски услуги за потрошувачите , кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, којашто во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување

Со стекнувањето на сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ верификувано е дека Шпаркасе Банка ги исполнува критериумите во шесте одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: веродостојни, точни и недвосмислени информации и практики; примена на фер пазарни практики; процедури за заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност; политики кои овозможуваат комуникација и пристап кон банката за различни категории лица; воспоставен систем на одговорно управување со поплаки од потрошувачите; како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

Кога веруваш во себе и кога се водиш по тоа мото, јасно и посветено чекориш кон поставените цели, па нивното остварување е неизбежно. Чест и задоволство ми е што Шпаркасе Банка го добива овој сертификат како потврда за грижата кон вработените, кон клиентите и деловните партнери, но и кон заедницата во којашто делува. Постојано работиме на унапредување на банкарското искуство на клиентите, на нивната доверба и лојалност, и ќе продолжиме да ги поддржуваме во нивниот раст и остварување на нивните соништа. Овој сертификат ни е потврда дека трудот секогаш вложува со плод и дека продолжуваме да се движиме и да растеме заедно“

изјави Претседателот на Управен одбор на Шпаркасе Банка, г-дин Санел Кустурица.

Сертификацијата се одвива врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од ЕУ проектот за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги.

Проектот е спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програма за потрошувачи на Европската Унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).