Izvestuvanje_klienti_02
  • 2023 28 Април
    Известувања Известување за привремено затворање на експозитура Виница

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурата на Шпаркасе Банка во Виница со седиште на ул. Пионерска бр. 2, привремено ќе биде затворена поради технички причини. Банкоматот лоциран на истата адреса останува во употреба. 

Се замолуваат клиентите да се обратат во најблиската експозитура во Кочани со седиште на ул. Маршал Тито бр. 11/1 која работи со редовно работно време од понеделник до петок, од 08 до 16 часот.

Во меѓувреме, дополнително Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги,како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

За дополнителни информации можете да ја контактирате експозитурата во Кочани на телефонскиот број +389 33 271 355 и Контакт Центарот на Шпаркасе Банка на телефонскиот број +389 02 15 050

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка