img_02
  • 2023 8 Јуни
    Соопштенија Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Во рамки на „Шп-Арт-Клуб“, Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“ објавуваат

Шпаркасе Банка објавува конкурс за сите талентирани млади уметници од државата, на возраст од 18 до 23 години и ги охрабрува да бидат дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Колонијата ќе се одржи во Вевчани и ќе трае од 24.6.2023 до 9.7.2023 година. „Шп-Арт-Клуб“ е дел од платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“.

Сите заинтересирани најдоцна до 12.6.2023 година може да се пријават за учество со пополнување на формуларот кој може да го најдат на следниот линк, а потоа истиот треба да го испратат заедно со фотографија од личното уметничко дело во акрилна техника на следната е-маил адреса: marketing@sparkasse.mk со наслов „Перспективите на уметноста“.

По завршувањето на конкурсот, организаторите и стручното жири ќе одберат до 10 финалисти кои ќе престојуваат 5 дена во Вевчани во две групи од 24 до 28 јуни, односно од 28 јуни до 2 јули 2023 година, при што сите трошоци за престој, како и потребниот сликарски материјал ќе бидат обезбедени од Шпаркасе Банка.

Темата е: „Перспективите на уметноста“.

По завршувањето на Колонијата, на завршен хуманитарен настан, сликите на младите уметници ќе бидат понудени на јавна аукција, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Истовремено, тројцата сликари чии дела ќе добијат најголема вредност на аукцијата ќе бидат дополнително поддржани од Шпаркасе Банка со откуп на по три други нивни дела во вредност од 1200 евра за првиот, 1000 евра за вториот и 800 евра за третиот млад сликар.

Убаво е да се работи со млади, амбициозни и талентирани лица со големи соништа. Бидејќи на нашата земја и требаат луѓе што веруваат во уметност, креативност и инспирација, луѓе што веруваат во иднината.

Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност секогаш се стреми да ги промовира, поддржува и заштитува трајните културни вредности кои во иднина ќе ги издигнуваат вкупните стандарди во општеството и ќе влијаат во насока на понатамошно подигнување на одржливите навики на нашата заедница.