img_02
  • 2023 21 Септември
    Известувања Лажна објава на социјалните мрежи

Почитувани клиенти,

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Забележана е лажна објава на социјалните медиуми од името на вработен во банката кој ги бара Вашите лични и банкарски податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје нема никаква поврзаност со тоа и нашите вработени никогаш не би побарале да ги споделите Вашите лични и банкарски податоци преку социјалните мрежи.

Ова се единствените и официјални профили на банката.

Бидете внимателни, ниту еден правен субјект, ниту физичко лице не смее да ги бара и процесира Вашите лични податоци преку социјалните мрежи!

НИКОГАШ не ги споделувајте Вашите лични податоци преку неофицијални канали за комуникација.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје