img_02
  • 2023 21 Септември
    Известувања Претседателот на УО на Шпаркасе Банка - дел од Самитот за сина економија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА ШПАРКАСЕ БАНКА - ДЕЛ ОД САМИТОТ ЗА СИНА ЕКОНОМИЈА

Денес, (четврток, 21.9.2023 г.) во Хотел Панорамика во Скопје се одржа Blue Economy Summit 2023, каде што учествуваше и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, господинот Санел Кустурица.

Шпаркасе Банка беше златен спонзор на ова второ издание на самитот за одржливост, организиран од Prime Blue Institute со фокус на слатководната сина економија во регионот на Балканот се дискутираше за глобалните прашања поврзани со зачувувањето на водата и валоризација на слатководните ресурси преку споделување на најдобрите практики и иницирање акции за соработка, а свое обраќање имаа и EУ Амбасадорот во Р. Северна Македонија, Дејвид Гир и Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

На самитот, господинот Санел Кустурица истакна „Нашата држава е една од 195-те држави кои во 2015 година го потпишаа Парискиот договор за клима. Се работи за глобален пакт за борба против климатските промени чија цел е значајно да се намалат емисиите на штетни гасови и ограничување на глобалното затоплување. Сите држави кои го потпишаа договорот се обврзаа да создадат долгорочна стратегија како да ги остварат зададените цели.А целите се намалување на штетните гасови за 43% до 2030 година, додека пак некои држави беа поамбициозни и дефинираа цел за нулта-нето емисии до 2050 година. Македонија се обврза за првата цел и направени се одредени стратегии и законски решенија, а на некои сеуште се работи. Суштината на тоа што Македонија треба да го направи е да ја подобри енергетската ефикаснот, но и да ги реструктуира изворите на производство на електрична енергија, бидејќи како што знаете ние сме доста зависни од јагленот. За остварување на овие стратегии банките имаат клучна улога, бидејќи банките се оние институции кои треба финансиски да ги поддржат овие проекти. Се работи за проекти на обновливи извори на енергија како ветар, сонце, вода и био маса. Шпаркасе Банка е пионер на македонскиот пазар, бидејќи прва финансираше изградба на мали хидро електрани уште пред 12 години. Од тогаш до денес банката има инвестирано во проекти од преку 90 милиони евра и помогна да се инсталира моќност од 150MW. Ќе продолжиме тоа да го правиме, а тоа е и една од причините зошто поддржуваме и сме дел од вакви конференции бидејќи ова е идеално место каде што можат да се разменат искуства и знаења кои ќе ни помогнат да ги забрзаме активностите на овој пат кој е пред нас.“

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да ги следи актуелните трендови за инвестиции во обновлива енергија, како и заложбата за спроведување на стратегијата за одржливост со што го следи својот пат на трасформирање во одржлива банка којашто ќе излезе во пресрет на предизвиците на денешното време, водејќи се од потребите на сегашните и идните генерации, за подобра иднина.

#ВерувајВоИднината