img_02
  • 2023 25 Септември
    Соопштенија Шпаркасе Банка со нова експозитура во Драчево

Од денеска почна со работа новата експозитура на Шпаркасе Банка во Драчево. Експозитурата е лоцирана на ул. Ратко Митровиќ бр.73-1/2 и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 08.00 до 16.00 часот, со цел обезбедување врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски сервиси.

Просторот е со површина од 140м2 и е модерно уреден согласно новиот корпоративен дизајн на банката, збогатен со сите стандарди за комфорно и безбедно работење.

Оваа експозитура не само што се одликува со модерен и современ амбиент, туку е и опремена со еколошко одржливи матријали во согласност со стратегијата на банката за одржливост и заштита на животната средина.

На свеченото отворање присуствуваа и членови на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка, кои споделија дека Банката и натаму останува силно посветена на својата визија да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, истовремено поддржувајќи го развојот на локалните заедници.

Шпаркасе Банка АД Скопје континуирано се грижи за поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.

Со новата експозитура, продажната мрежа на Шпаркасе Банка брои вкупно 36 експозитури на територијата на Македонија, од кои 17 се лоцирани во Скопје и 19 надвор од главниот град.

#ВерувајВоИднината