• 2023 6 Октомври
    Соопштенија Алвин Аличевиќ ја напушта позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка

На 05.10.2023г. по повеќе од 6 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, господинот Алвин Аличевиќ одлучи да прифати нови предизвици и да ја продолжи својата кариера надвор од Шпаркасе Групацијата.

За време на неговиот ангажман настојуваше позитивното долгогодишно искуство стекнато во другите земји членки на Ерсте Групацијата, да го пренесе и примени во секојдневното работење во Шпаркасе Банка АД Скопје.

Мојaта досегашна работна кариера ја посветив на зајакнување на позиционираноста на Шпаркасе Банка АД Скопје, но исто така и на дигитализација на Банката и градење на силен посветен тим. Заедно, успешно ја завршивме интеграцијата на Охридска банка со Шпаркасе Банка АД Скопје и многу успешно ја позициониравме Шпаркасе Банка на пазарот" изјави тој.

Шпаркасе Банка му благодари за досегашниот ангажман и му посакува понатамошен професионален успех и богата кариера.