• 2023 10 Октомври
    Соопштенија Шпаркасе Банка ве повикува за учество на претстојниот Климатон

Почитувани,

Ве информираме дека до 19ти октомври е отворен повикот за учесници на претстојниот Климатон, кој претставува хакатон на кој се натпреваруваат иновативни идеи за намалување на штетните гасови во атмосферата во конкретни градови.

Овој настан се одржува во повеќе од 60 градови низ светот, а за прв пат ќе се одржи во Скопје.

Шпаркасе Банка како официјален спонзор на настанот во организација на CEED ве повикува на учество заедно да го направиме нашиот град позелено и почисто место за живот.

Climathon хакатон е дел од глобалната кампања на ЕУ, која преку програмата Climate-KIC се обидува да ги намали штетите од глобалното затоплување и да ги трансформира националните политики во позелени.

Настанот ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Инофеит, a ќе учествуваат 10 тимови или вкупно 50 учесници.

Од 2015 до сега се одржани околу 1000 настани со над 30.000 учесници ширум светот.

Ги охрабруваме да се пријават за учество сите стартапи, студенти, тимови, ентузијатсти и иноватори кои преку натпревар сакаат да дојдат до можност за реализација на нивната идеја.

Да делувме локално, а да влијаеме глобално.

Темата е: Дигитални решенија.

Победничкиот тим ќе добие награда од 3.000 евра од Шпаркасе Банка АД Скопје за имплементација на победничкото решение.

Другите награди вклучуваат:

  • Победничкиот тим автоматски се прифаќа како учесник во Програмата за подготвеност за инвестирање на CEED HUB и има можност да настапи пред CEED Business Angels
  • Првиот и вториот победнички тим добиваат 6-месечен простор за соработка во CEED Hub
  • Првото, второто и третото најдобро решение добиваат 6-месечна деловна поддршка од CEED Hub Скопје за комерцијализација на нивните идеи (менторство, вмрежување и пристап до дополнителни финансии, професионални совети, обуки, консултантски услуги и технички знаења)
  • Првото, второто и третото најдобро решение добиваат медиумска промоција од CEED мрежите

Пријави се веднаш на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1I76BJqgLbouyF9pNzTB5cVYvkptXRa_MZm6VTkPcu5o/edit

Повеќе информации за настанот можеш да пронајдеш на:
https://ceedhub.mk/climathon-2023/

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да поддржува настани кои се во согласност со стратегијата на банката за одржливост и заштита на животната средина.

#ВерувајВоИднината