img_02
  • 2023 1 Декември
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ПРЕФРЛИ ПЛАТА И ДОБИЈ БОНУС

ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА ПРЕФРЛИ ПЛАТА И ДОБИЈ БОНУС

Кампањата „Префрли плата и добиј празничен бонус од 3.000 ден“ започнува од 01.12.2023 година и ќе трае до 31.01.2024. Рокот за трансфер на првата плата на сметка во Шпаркасе Банка е заклучно со 31.01.2024 година.

Квалификувани за учество во кампањата се сите физички лица, клиенти на Банката, нови или постоечки, кои ќе бидат корисници на пакет производи на Банката, примиле 2 последователни плати во Банката во промотивниот период, а претходните 3 месеци немаат примено плата во Банката.

Бонусот од 3.000 денари се исплаќа на платежна сметка на новите приматели на плата, по трансферот на втората последователна плата најдоцна до 29.02.2024.

За сите дополнителни информации во врска со условите за кампањата, заинтересираните можат да се обратат во експозитурите на Шпаркасе Банка или да се јават во контакт центарот на 02 15 050.

Повеќе информации на ЛИНКОТ.