• 2024 31 Јануари
    Соопштенија Извештај за надоместоци за 2023 година

Почитувани,

Согласно Законот за платежни услуги и платни системи кој се применува од 01.01.2023 година, Банката има обврска еднаш годишно да го достави или да го направи достапен до клиентите Извештајот за надоместоци за услугите поврзани со Вашата платежна сметка.

Соодветно на тоа, Ве известуваме дека Вашиот Извештај за период од 01.01.2023 до 31.12.2023 година е изготвен и може да го подигнете во било која од експозитурите на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Дополнително, Извештајот за надоместоци е достапен за преземање преку дигиталните канали на Банката:

• Со пристапување до S-Banka мобилната апликација, Извештајот е достапен со избор на „Извештај за надоместоци“ од страничното мени на апликацијата.

• Со пристапување на NetBanking електронското банкарство на Шпаркасе Банка, Извештајот за надоместоци е достапен со избор на „Трансакциски сметки“ -> „Извештај за надоместоци“.

Извештајот содржи информација за наплатени надоместоци како и пресметани, a ненаплатени надоместоци за 2023 година.

За подигнување на извештајот Банката не наплатува надоместок.

Со почит,

Шпаркасе Банка