img_02
  • 2024 31 Јануари
    Соопштенија Исплата на пензии јануари 2024

Ве известуваме дека пензиите за месец јануари 2024 година ќе се исплаќаат од денес, 31.01.2024 год. (среда), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка.

Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од над 90 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од денес ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата.

За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје