img_02
  • 2024 15 Март
    Известувања Шпаркасе Банка со нови промотивни кампањи за станбен и потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки

Во динамичниот свет, стабилноста и понатаму останува една од најважните придобивки. Токму затоа Шпаркасе Банка АД Скопје е фокусирана на грижа за своите клиенти, на нивното финансиско здравје и добросостојба, постојано подобрувајќи ги производните понуди.

Една од најголемите поволности што Шпаркасе Банка им ја нуди на клиентите е фиксната каматна стапка, токму во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматите. Затоа, Шпаркасе Банка ги започнува кампањите Конечно ФИКСНА адреса! за станбен кредит, со фиксна каматна стапка почнувајќи од 3,3% за првите десет години, на максимален износ до 400.000 ЕУР со рок на отплата од 30 години, како и Различни желби, ФИКСЕН план! за S Plus потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,4% и рокови на отплата до 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 денари. Понудата ќе трае сè до 31.5.2024 година.

Шпаркасе Банка остварува долгогодишна соработка со музичкиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски којшто, со својата работа и посветеност, оставa траен белег во македонската културна историја. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд-амбасадор на Банката, личност што верува во себе и во својот сон и успешно ја пренесува пораката кон луѓето да веруваат во себе и во својот потенцијал. Ваквите луѓе се наша вечна инспирација и затоа продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто сакаат и имаат сила да ги менуваат нештата кон подобро. Културата и културните настани ја обединуваат заедницата, а како Банка, преку поддршка на настани од ваков карактер, придонесуваме кон градење подобро општество за сите.

Шпаркасе Банка обезбедува стабилност и финансиска предвидливост за клиентите, овозможувајќи им со сигурност да ги планираат идните трошоци и долгорочните цели. Со фиксната каматна стапка за станбен и за потрошувачки кредит, Шпаркасе е партнер на своите клиенти, кој им помага да се справат со економските предизвици додека градат сигурна иднина.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и во Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

#ВерувајВоИднината