• 2024 1 Мај
    Соопштенија Известување за надминат технички проблем со авторизација на трансакции

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека е надминат техничкиот проблем со авторизација на трансакции со Visa картичките на Шпаркасе Банка.

Истовремено, од страна на Банката е регулиран статусот на сите идентификувани неуспешни трансакции на клиентите.

Од 20.00 часот сите трансакции се реализираат регуларно, без застој. Се извинуваме за настанатата непријатност.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје