img_02
  • 2024 31 Мај
    Соопштенија Известување за исплата на пензии мај 2024
Ве известуваме дека пензиите за месец мај 2024 година ќе бидат на располагање на сметките на сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка на 01.06.2024 година (сабота).

Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат.

Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 90 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје