• 2024 1 Јули
    Соопштенија Шпаркасе Банка и VISA со нова наградна игра за млади! Влези во игра и патувај за Берлин или Амстерда

Дали сте подготвени за патување кое долго ќе го паметите? Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваа Големата наградна игра - „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите млади корисници на Vibe on пакетот.

Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години кои се корисници на Visa платежна картичка и Vibe On пакет за млади коишто ќе направат поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД во наградниот период со Visa картичка издадена од страна од Шпаркасе Банка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година кадешто ќе се извлекуваат 10 поединци кои ќе добијат по 2 ваучери за патување во Берлин и уште 10 ваучери за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден кој ќе може да го додели на свој пријател, познаник или член на фамилија што ќе го придружува на патувањето.

Подгответе ја Вашата Visa платежна картичка на Шпаркасе Банка и Vibe on пакет за млади, почнете со купување и влезете во игра за Берлин или Амстердам.

Шпаркасе банка продолжува да работи на зајакнување на пeрцепцијата на институција со урбан имиџ, која е поддршка на младите луѓе и продолжува да креира активности и развива производи што целосно ги потреби на младите.

Шпаркасе Банка ги поттикнува и охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Дознај повеќе за правилата на наградната игра со клик на линкот -

https://bit.ly/3xD5F9b