img_02
  • 2024 12 Јуни
    Соопштенија ДОБРАТА КАМАТА ОД ДАЛЕКУ СЕ ГЛЕДА! Шпаркасе Банка со нова понуда за Депозит Плус

Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува да воведува привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа да креира атрактивни понуди што одговараат на нивните потреби.

Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години кои се корисници на Visa платежна картичка и Vibe On пакет за млади коишто ќе направат поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД во наградниот период со Visa картичка издадена од страна од Шпаркасе Банка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

Како синоним за стабилност, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка воведе нови каматни стапки за Депозит Плус, фиксни за целиот период на орочување, во период до 31.7.2024 година. Средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 и на 25 месеци, со што при орочување на 13 месеци, каматната стапка изнесува 3,60%, додека при орочување на 25 месеци каматната стапка изнесува 4%, што во моментов е меѓу најповолните каматни стапки на депозит со овие рочности и претставува уште еден показател за грижата на Шпаркасе Банка кон своите клиенти.

Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 2,30%, додека за 25 месеци каматна стапка од 3,30%. Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција. Бидејќи штедењето е предизвик, но и многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца, на вас е да изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење.

#ВерувајВоИднината