Совети за корисниците

Кога ќе ја добиете картичката

  • веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна;
  • запомнете го PIN-кодот - никогаш не го запишувајте;
  • не го откривајте PIN-кодот никому.

Дома

  • чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати и споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката;
  • доколку забележите трансакција во месечниот извештај што е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Дирекцијата за канали на дистрибуција на телефонските броеви 02/3200-717 и 02/3200-742 или на е-маил cards@sparkasse.mk