Сигурност на вашиот компјутер и интернет-прелистувачот.

  • Не инсталирајте дополнителен софтвер за користење на NetBanking сервисот на ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје (Банката). За користење на сервисите на NetBanking не ви се потребни дополнителни програми. Сѐ што ви е потребно е вашиот интерент-прелистувач (англ. browser).
    Доколку е потребно инсталација или посебни сетирања Банката ќе ве извести соодветно преку своите канали за комуникација.
    На почетната најавна страница на NetBanking се наведени верзиите и типот на прелистувачи што се поддржани.
  • Не се најавувајте во NetBanking на компјутер даден на јавно користење (пример: интернет-кафулиња) или компјутер што го одржуваат непознати лица. Никогаш нема да бидете сигурни дека на погоре споменатите компјутери нема да налетате на притаени инсталации на злонамерни (malware) апликации, кои ги крадат корисничките сметки и лозинки без оглед дали тие се здобиени поради непостоењето или лошата анти-вирусна заштита или можеби се со намера инсталирани од лицата што ги одржуваат.
    Доколку сепак веќе сте се најавиле од потенцијално несигурен и компромитиран компјутер, никогаш не го оставајте компјутерот каде што имате активна сесија на интернет-банкарството. Кога ќе завршите со користењето, проверете дали е затворен интернет-прелистувачот и одјавете се од компјутерот.
  • Не го оставајте вашиот компјутер без редовно ажурирана анти-вирусна заштита и активен firewall. Избегнувајте инсталација на антивирус од непознат бренд бидејќи таквите апликации најчесто по инсталацијата лажно го алармираат корисникот за наводно откриен вирус и бараат доплата за негово целосно отстранување. Понекогаш таквите лажни анти-вирусни решенија дополнително може да инсталираат злонамерни апликации (тројанци, spyware-и, key logger- и и слично).
  • Без оглед на оперативниот систем што го користите, сурфањето со Интернет прегледувач за време на сесија во која сте најавени како привилегиран корисник (член на Local Administrators групата кај Windows платформата) е ризично и не се препрачува.
    Неопходно е на вашиот компјутер да креирате корисничка сметка која не припаѓа на ниту една привилегирана корисничка група и да ја користите за време на сурфањето на интернет, а сесиите со привилегиран корисник да ги користите само по потреба кога сакате да инсталирате некоја нова апликација или вршите активности на периодично одржување на вашиот компјутер.