🌳 На 01.12.2021 во Скопје беа засадени 50 каталпа дрва како израз на стремежите за позеленување на градот Скопје. Дрвата се донација на Европската банка за обнова и развој European Bank for Reconstruction and Development (EBRD), Европската Унија (ЕУ), Австрија и локалните партнерски банки: Шпаркасе банка, НЛБ банка, ПроКредит банка и Комерцијална банка, како дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF in North Macedonia), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрувања на енергетската ефикасност.
✔ ЕБОР, ЕУ, Австрија и локалните партнерски банки донираат дрва за да ги обележат резултатите од ГЕФФ Програмата во Северна Македонија
✔ Програмата за енергетска ефикасност на ЕБОР, до сега поддржа 2.500 домаќинства во Северна Македонија
✔ Домаќинствата добија грант од ЕУ, до 20% од износот на кредитот. „Во изминатите четири години Шпаркасе Банкa беше еден од активните промотери на Западен Балкан ГЕФФ програмата и заедно со поранешна Охридска банка, реализираа вкупни пласмани од ЕУР 15 милиони. Преку нашата продажна мрежа работевме интензивно за поголема директна промоција на програмата, што придонесе за поголема едукација и свесноста кај граѓаните за примена на енергетско-ефикасни материјали при реновирање или изградба на нивните домови,“ изјави Нина Неданоска, Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.