Култура и уметност

Во стратегијата за корпоративна општествена одговорност на „Шпаркасе Банка" значаен сегмент е развојот на културата и на уметноста во Република Северна Македонија, кој активно го поддржуваме преку поддршка на културни манифестации, изложби на уметнички дела, како и промовирање на австриската култура преку учество во проектите што се организираат на ниво на Амбасадата на Р. Австрија.

Златно Славејче 2023

Шпаркасе Банка е спонзор на 53. издание на „Златно славејче”, најстариот детски музички фестивал на Балканот, а втор во Европа! 🎼

Првото издание било организирано во 1971 година и се одржало во Драмскиот театар во Скопје. На првите концерти пеел Игор Џамбазов, а од Блаже Маротов бил испеан големиот хит „Ах тој крокодил“.

„Златно славејче“ е фестивал кој секоја година го следат илјадници посетители. Над педесет години „Златно славејче“ претставува неизмерна радост и гордост и токму затоа Шпаркасе Банка со големо задоволство го поддржува овој значаен културен настан за деца.

Продолжуваме да го поддржуваме детското музичко творештво и уметност. Нашата визија е развивање на талентите кај нашите најмлади граѓани.

#ВерувајВоИднината

Охридско Лето 2023

Шпаркасе Банка традиционално е дел од 63-тото издание на најпрестижната културна манифестација Охридско лето.🎼

Горди сме што сме долгогодишни верни поддржувачи на оваа манифестација која е точка на спојување на различните културни струења во Европа, со реноме кое ја позиционира на петото место на европските културни случувања.

Гостите уживаа во моќниот настап на оперската дива Анџела Георгиу, која свечено го отвори настанот како и во секој момент од 40-дневната богата програма со настапи на светски познати имиња од класичната музика и театарската уметност.

Шпаркасе Банка во рамки на платформата #SparkasseLife продолжува активно да ја поддржува културата и уметноста.

Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност во рамките на Sparkasse Life секогаш се стреми да ги промовира, да ги поддржува и да ги заштитува чуварите на нашата колективна имагинација и нивната непоколеблива верба, кои во иднина ќе ги издигнуваат уметничките стандарди во општеството и ќе ги обликуваат добрите навики на нашата заедница.

„Шп-Арт-Клуб“ е дел од платформата за општествена одговорност Sparkasse Lifе на Шпаркасе Банка АД Скопје, преку која се реализираат проекти за поддршка на развојот на уметноста и поттикнување на можностите и талентот на младите уметници во државата.

#ВерувајВоИднината.

Струмички Карневал 2023

Шпаркасе Банка во рамки на платформата #SparkasseLife традиционално и оваа година ја поддржа културната манифестација "Струмички карневал" со која се афирмираат културата, обичаите и долгата традиција.

Секое издание на Струмичкиот карневал е уникатно доживување, па така и оваа година ни понуди креативни маски и одлична забава.

Шпаркасе Банка продолжува со поветеноста за развој на културата, уметноста и традицијата во нашата држава кое е од суштинско значење за нашето општество. Преку поддршка, креативност и инвестиции во уметничките проекти и културните иницијативи, го збогатуваме и негуваме нашето културно наследство за идните генерации.

Виенски бал

Традиционално и оваа година Шпаркасе Банка го поддржа Виенскиот Бал, кој се одржа по 22-ри пат во Скопје.

Со големо задоволство и оваа година бевме дел од гламурозниот настан кој ја слави австриската култура.

Навистина уживавме во незаборавна вечер на елеганција и софистицираност, луксузна атмосфера со извонредна музика, а особено задоволство ни причинува фактот што настанот беше со хуманитарна мисија.

Да придонесеме кон позитивни промени заедно и да веруваме во иднината!

#ВерувајВоИднината

Концерт со Влатко Стефановски во Македонска филхармонија

На 1.3.2023 година, во преполна сала на Македонската филхармонија се одржа музички спектакл со Влатко Стефановски Трио, диригент Џијан Емин и филхармонискиот оркестар, во покровителство на Шпаркасе Банка АД Скопје.

На настанот присуствуваа голем број соработници, клиенти и претставници од медиумите, кои заедно со сите гости уживаа во пријатна атмосфера, а ѕвездите на сцената приредија врвно музичко доживување, кое долго ќе се памети и прераскажува.

Соработката со музичката легенда Влатко Стефановски и Шпаркасе Банка трае втора година по ред. Тој, како синоним за талент, квалитет и професионалност, е бренд амбасадор на Банката, личност која верува во себе и својот сон и успешно ја пренесува пораката кон младите луѓе да веруваат во себе и во својот потенцијал.

https://www.youtube.com/watch?v=Eh031HKuujE

#SparkasseLife #ВерувајВоИднината

Шпаркасе Банка спонзор на Д фестивал

Шпаркасе Банка за прв пат оваа година беше спонзор на најдобриот фестивал во земјава – Д Фестивал кој што годинава по 12 пат се одржа во Дојран.

Се журкавме и забавувавме на нашиот Sparkasse Life корнер, делевме награди и уживавме во неверојатната дружба и убавата музика.

#верувајвосебе

#sparkasselife

Охрид Beach Film Festival 2022

И оваа година бевме дел од овој мултимедијален настан, кој има за цел да го поттикне дијалогот и критичката рефлексија инспирирани од проекциите на европските филмови! Настанот се одржуваше од 20-ти до 24-ти јули на три атрактивни локации во Охрид: Амфитеатар Св. Софија, Лапидариум, Плажата Славија

Струмички карневал 2022

Шпаркасе Банка традиционално ја продолжи поддршката за оваа култна манифестација во Општина Струмица , која годинава го одбележува својот 30-ти јубилеј.

Шпаркасе Банка со поддршка на Вевчанска ликовна колонија

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ свечено беше отворена на 25.06.2022 година, а Шпаркасе Банка го поддржува овој културен настан кој се оддржува по 11-ти пат во живописното Вевчани!

Како Банка која верува во уметноста и во младите креативци од сите уметнички области, како и во сите инспиративни луѓе што ги следат своите соништа, се воодушевивме од талентот и делата на над 20 афирмирани уметници од земјава и странство!

Шпаркасе Банка преку својата платформа Шпаркасе Life континуирано пружа поддршка на активности од културата и уметноста, а и во иднина ќе продолжи да учествува во различни проекти од општествена одговорност и да ги негува културните вредности на Македонија.

#верувајвоинспирација

Cinedays 2022

И оваа година пред плататото на ГТЦ гледавме европски филмови на меѓународниот фестивал Cinedays Festival of European Film! Овогодинешниот фестивал го отворивме со премиерата на филмот “Мики” во режија на Даријан Пејовски.

#sparkasselife

#верувајвосебе

Поддршка за CineDays 2021

Шпаркасе Банка беше еден од генералните покровители на CineDays 2021!

На тој начин го поддржа овој популарен фестивал, доближувајќи им ги филмските наслови на сите љубители на филмот.

„Шпаркасе Банка придава значење на поддршка на разни настани, особено на содржини блиски до младата генерација како дополнителен мотив за соработката со МКЦ“, изјави Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и Генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка“.

#ЗаедноМожемеПовеќе

Охридско лето

Шпаркасе Банка Македонија како еден од главните спонзори на културната манифестација „Охридско лето“, дава поддршка за унапредување и промоција на активностите од областа на културата кои се спроведуваат во рамките на фестивалот и овозможува учество на реномирани домашни и странски музички уметници.