Сигурност на Интернет

  • Купувајте само од интернет-страници на проверени компании во кои имате доверба.
  • Никогаш не го внесувајте PIN-кодот - тој никогаш не е потребен за вршење нарачка.
  • При вршење нарачка преку интернет, најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • Осигурете се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет-адресата започнува со https:// наместо со http://.
  • Водете евиденција на интернет-страницата од кои купувате. Многу интернет-продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа.
  • Никогаш не испраќајте податоци за вашата картичка доколку не сте ја иницирале вие нарачката.
  • Проверете ги условите за продажба и за откажување на нарачката бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
  • Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, за да избегнете плаќање за веќе откажана нарачка.
  • Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.