Упатства за користење

На банкомат

  • осигурете се дека никој не стои премногу блиску до вас додека сте пред банкоматот;
  • внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот;
  • покријте ја својата рака додека го внесувате PIN-кодот за да се осигурите дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате;
  • на крајот од трансакцијата, не заборавајте да ја земете вашата картичка.

На продажни места

  • проверете ги износите на трансакциите за да се осигурите дека е точен износот што го одобрувате со внесувањето на PIN-кодот и својот потпис;
  • осигурете се дека продавачот ви ја вратил картичката и ви ја дал вашата копија од потврдата за трансакцијата;
  • покријте ја својата рака додека го внесувате PIN-кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

Во странство

  • пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурете се дека имате доволно расположливи средства на сметката;
  • забележете ги телефонските броеви на Дирекцијата за канали на дистрибуција 02/3200-717, 02/3200-742 и телефонскиот број на Центарот за грижа на корисници, кој работи 24/7: 02/3200-600;
  • чувајте ја картичката одвоено од готовината - во случај на губење да не ги изгубите и двете;
  • направете фотокопии од картичката и од пасошот и чувајте ги копиите на безбедно место;
  • следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.