Mобилните уреди - пред сѐ (паметни) телефони и таблети во корпоративниот свет денес стануваат сѐ почест начин за пристап и користење на деловните податоци и изведување на работните задачи и обврски. Овие уреди се преносливи (мобилни) и лесно достапни, што од друга страна носи ризик да бидат изгубени, украдени или пак предмет на неавторизиран пристап. Контактите, електронската пошта, СМС-пораките содржат многу сензитивни информации што може да бидат злоупотребени ако не ги заштитиме соодветно. За таа цел, во продолжение следуваат неколку корисни совети и насоки што секој корисник на мобилните уреди (телефони) треба да ги знае и соодветно да ги примени:
- За најава на Мобилната апликација се користи автентикација со ПИН, кој го генерира самиот корисник. ПИН-кодот ги има следниве карактеристики:
- минимум 4 нумерички знаци;
- максимум 8 нумерички знаци;
- корисникот може да го промени во секој момент;
- не се дозволени внесувања на едноставни PIN-кодови (како на пр. составен од исти карактери).
- Автентикација /верификација на трансакцијата – за секоја трансакција да се користи ПИН кодот кој би се внесувал откако на корисникот ќе му се појави прозорец во кој ќе бидат наведени сите информации од плаќањето, на пример: Почитуван корисник xxx дали сакате да извршите трансакција во износ xxx од сметка xxx на сметка xxx.
- Бидете внимателни при конектирањето на безжичните мрежи, таканаречните hot – spot пристапни точки, особено на јавни места како што се хотели, аеродроми и слично. Информирајте се од одговорните лица како е начинот за поврзување и која е нивната официјална мрежа (пристапна точка). Особено бидете внимателни кога имате можност за конектирање (поврзување) до слободни (free) мрежи од кои мора претходно да преземете некаква програма, за да го остварите поврзувањето.
- Не одговарајте (веднаш) на СМС од непознати извори, кои бараат да им доставите лични податоци или друг вид сензитивни и доверливи информации. Информирајте се за изворот, потврдете ја нивната веродостојност и проверете дали и во кој обем навистина им требаат тие информации. СМС-пораките, слично како и е-маил пораките, се подложни на таканаречните „phishing” напади.
- Не преземајте (download) програми (third-party applications) што се сомнителни, не проверени и не се поддржани од соодветниот производител на мобилниот уред, на пример од App Store или Google Play.
- Стопирајте ги (disable) сите протоколи за поврзување (конектирање) кога не ви се потребни, како што се wireless, Bluetooth, NFC.
- Не заборавајте секогаш да се одјавите (одлогирате) од апликациите што ги користите.