ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам! .

    Дали сте подготвени за патување што долго ќе го паметите? Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваат големата наградна игра – „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на Vibe on пакетот за млади.

    Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години, кои се корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe On.

    Лицата корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe on на Шпаркасе Банка, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД, добиваат шанса за учество во наградната игра. Колку повеќе трансакции во износ поголем или еднаков на 500 МКД, повеќе шанси за добивка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

    Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година каде што ќе се извлекуваат 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Берлин и уште 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден за својот партнер, другар, пријател или член на фамилија, кој ќе одлучи да го поведе на патувањето.

    За повеќе информации, контактирајте нè преку следниве опции:

    • е-маил на contact@sparkasse.mk
    • Јавете се на 02/15050 достапен во секое време,
    • Или посетете ја најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.

    Подгответе ја Вашата платежна картичка Visa на Шпаркасе Банка и пакетот за млади Vibe on, почнете со купување и влезете во игра за Берлин или Амстердам. .

      Во извлекувањето учествуваат сите лица кои во период од 01.07.2024 до 15.08.2024 година направиле поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари, а се корисници на Visa платежна картичка и Vibe on пакет за млади на Шпаркасе Банка АД Скопје.

      Отворање платежна сметка

      Правила на наградната игра

      Секој добитник на патување за Берлин или Амстердам, добива два ваучери за патување, односно, еден ваучер за него\неа како учесник во наградната игра, и еден ваучер плус кој ќе може да го додели на свој пријател, познаник, член на фамилија, кој ќе го придружува на патувањето.

      Отворање платежна сметка