Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје

Брокерски услуги

Шпаркасе Банка АД Скопје на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги, т.е. пристап до хартиите од вредност на 94 донашни котирани компании, со вкупна пазарна капитализација над 3 милијарди евра. На официјалниот пазар на Македонската берза се котирани и обврзниците на Република Македонија за денационализација. Исто така, инвеститорите може да вршат трансакции и со акциите на акционерските друштва што се тргуваат на Слободниот пазар на Македонската берза.

Со цел да им обезбеди на своите клиенти поголема поддршка во процесот на тргувањето, Банката нуди можност за користење бесплатни информации, вклучувајќи дневен извештај за тргување од МSE и фундаментални анализи за котираните компании.

На следниот линк може да ги најдете сите хартии од вредност со кои се тргува на Македонската берза.


Контакти

tel.: +389 (0)2 3200 713, 3200 539
e-mail:MLBrokerSPsMak@sparkasse.mk

Е-традер

За поедноставување на процесот на тргувањето, Банката на своите клиенти им овозможува користење на апликацијата е-trader, преку која се овозможени увид во тргувањето во реално време, можност за електронско задавање налози за купопродажба, како и вршење увид и преглед на сопствените трансакции и портфолио во секое време.  

Основните карактеристики на оваа апликација се:

  • високо ниво на сигурност (користење на персонален дигитален сертификат)
  • едноставно користење (пополнување налози, внес, измена, повлекување)
  • преглед на портфолио и парична состојба со моментално ажурирање
  • преглед на пазарни податоци (цена, длабочина, трансакции)
  • следење на пазарот и извршување на налозите во реално време

На следниот линк како и преку интернет - страницата на Банката можете директно да пристапите до апликацијата е-trader.

Корпоративни услуги со хартии од вредност

„Шпаркасе Банка АД Скопје" ги врши сите услуги со хартии од вредност, во согласност со Законот за хартии од вредност на РСМ, меѓу кои и следните корпоративни услуги со хартии од вредност:  

  • организирање, подготовка и откуп на емисии на хартии од вредност за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;
  • дејствување како покровител при котација за издавачи на хартии од вредност, организирање и подготовка на целокупниот процес при барање на котација на Македонска берза;
  • активности за сметка на трети лица за преземање акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва.