atm_002
  • 2021 29 Септември
    Соопштенија Поставен АТМ на стара локација во Автокоманда

Почитувани,

Следејќи ги барањата од клиентите, а со цел да обезбедиме поголема достапност на услугите за повлекување готовина од АТМ-ите, Ве известуваме дека Шпаркасе Банка Македонија повторно постави банкомат во населбата Автокоманда на старата локација, ул.Трифун Хаџијанев бр.3, во Скопје.

Повеќе информации за мрежата на експозитури и банкомати можeте да погледнете на следниот линк, како и брзо и едноставно да ја пронајдете најблиската локација преку VIBER локаторот со скенирање на QR кодот во продолжение.

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка Македонија